СВР Струмица информира дека вчера во 14:45 часот на крстосницата од улиците „Герас Цунев“ и „Кочо Рацин“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Г.(36), и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.Н.(51), двајцата од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во струмичката болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.