Од струмичката полиција информираат дека вчера околу 13 часот на булеварот „Ленинова“ во Струмица возило „Сеат Кордоба“ управувано од Д.Г.(33) од село Радичево удрило во велосипед управуван од В.Е.(54) од село Сачево, струмичко.
Во незгодата со тешки повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата во Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.