Вчера околу 19:00 часот на локалниот пат од Струмица кон селото Попчево, струмичко, Н.К.(30) од Струмица, управувајќи велосипед изгубил контрола и излетал надвор од патот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.