Денеска (четврток, 25 септември) со почеток во 11:00 часот, во ДСУ-РЦСОО „Никола Карев” во Струмица, ќе се одржи тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето.
Од Противпожарната единица на Струмица ги информираат граѓаните за оваа активност со цел да не се предизвика паника и вознемиреност.