„Овде денес сакаме како Општинска организација да го споделиме ставот на целото раководство по структура на партија, а се со една цел, да се оттргнат двоумиците и да се стави акцент на победата во Октомври на Марјан Даскаловски и тимот вистински социјалдемократи кои веруваат во една идеја, заедно сплотени со чиста совест и свест“ – кажа на денешната прес конференција младиот социјалдемократ Христијан Ефтимов во придружба на своите сопартијци изразувајќи ја поддршката кон кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски.
„СДСМ е партија со најголем демократски дух и праг во Македонија, така функционира и денес под водство на Венко Филипче. Одлуките секогаш се носени по принципи на чесност, работа и истрајност. Тешки одлуки, прават големи резултати. Затоа, до сите членови, симпатизери и независни граѓани, упатуваме една порака, СДСМ СТРУМИЦА е силна, единствена, спремна за победа на локалните избори.
Ние пред нас немаме никакви пречки, ние пред нас имаме визија, поле за работа и цел да допреме до секој еден граѓанин. Да разговараме со секого и Струмица да ја направиме уште подобро место за живеење. Функциите нé не прават поголеми социјалдемократи од останатите, напротив социјалдемократ е секој еден кој работи во интерес на идејата, не на личниот интерес. Победувавме и ќе победуваме во Струмица баш поради таа идеја.
Струмица е била бастион на СДСМ, а таква и ќе остане, не заради индивидуи, туку заради заедништвото“ – кажа Христијан Ефтимов.