петок, 31 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Струмички Народен театар одбележа голем јубилеј – 75 години постоење

сабота, 20 април, 2024 | 08:51
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмички Народен театар одбележа голем јубилеј – 75 години постоење

Струмичкиот Народен театар „Антон Панов“ синоќа со Изложба на фотографии и премиерна изведба на претставата „Црна дупка“ го одбележа големиот јубилеј – 75 години постоење на театарот во Струмица, кои се навршуваат на 1 мај, ден кога во 1949 година е изведена првата драма „Бегалка“ од Васил Иљоски во режија на Димитар Колчаков.

Подготовките за неговото основање започнуваат на крајот на 1948 година, кога локалната самоуправа во Струмица донесува одлука за формирање театар и дозвола за изградба на театарска зграда. Градски народен театар – Струмица е првиот професионален театар основан во источна Македонија. Театарската зграда, денес позната како Стариот театар, е изградена на улицата „Боро Џони“ во централното градско подрачје, во близина на некогашното кино „Балкан“.

Директорката на НУ Центар за култура „Антон Панов“, Белагија Аливкинова отворајќи ја изложба кажа дека преку објективот на Сречко Гунчев и реално тешкиот избор да се селектираат фотографии од илјадници направени настани се успеа да се долови енергијата и чистата магија која се создаваше во живо на сцената низ годините.

„Секоја фотографија раскажува приказна, како сведоштво за моќта на театарот да ги обединува, инспирира и надминува границите. Тоа е и почит за безброј актери, режисери, сценографи, музичари кои биле наши гости и оставија неизбришлива трага низ времето. Но театарот „Антон Панов“ е повеќе од обична галерија или сцена, тоа е светилиште за љубителите на културата, место за негување на таленти кои се појавуваат и место кадешто се создаваат доживотни пријателства во тој процес низ годините“ – кажа директорката Аливкинова на синоќешното одбележување за 75-годишниот јубилеј.

Во фоајето на Центарот за култура поставени се 34 фотографии од претстави кои го прикажуваат периодот од 1994 до 2023 година, период кога Сречко Гунчев бил вработен во установата и бил официјален фотограф на сите настани кои се случувале таму.

„Не ми беше многу лесно да ги одберам фотографиите на кои ќе бидат застапени повеќе наши родокрајни автори, режисери кои работеле овде кај нас, сите тие кои биле пензионери – актери кои и веќе не се меѓу нас. Од 135 претстави требаше сето тоа да се одбере и да ги задоволам апетитите на сите актери за да бидат застапени. На овие фотографии има и актери кои не се вработени во нашиот театар, но одиграле претстава во тој период“ – кажа Гунчев.

По отворањето на изложбата, ансамблот на Струмичкиот театар премиерно ја изведе претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, музиката – Сашко Костов. Играат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Подкаст на Сител со Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ со Николоски, Милошоски и Марков од „четворката“ одржаа предизборен митинг во Ново Село

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist