Утрово околу 06:20 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале 25 патници, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Како што не информира портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во незгодата со повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во болницата во Струмица за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа на Полициската станица Струмица.
Сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин до 08:45 часот.