Во присуство на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Струмица вечерва одржа конференција за избор на раководство. По именувањето на новиот претседател на ОО на СДСМ Струмица, Марјан Даскаловски вечерва беше избран и нов состав на Извршен и Надзорен Одбор.
За членови на Извршниот и Надзорниот одбор избрани се: Белагија Аливкинова, Ивана Витанова, Драган Гошев, Амед Камберов, Гонце Китановска, Душица Котева, Благој Милановиќ, Владимир Михајловиќ, Зоран Паниќ, Илија Патриков, Павлинка Петрова, Наталија Пецанова, Софија Ристова, Николчо Стоилов, Андон Стојков, Лефка Танева, Софија Танева, Владимир Христоманов, Виолета Секулова, Љубинка Чонева, Ване Јованов, Живко Андреев и Ване Вучков.
„СДСМ се консолидира, со својата сила, својата јакост и добро познатата победничка енергија која ни носи победи, како на општинско, така и на државно ниво. Со сплотеност и победничка мисла, одиме напред“ – соопштија од ОО на СДСМ Струмица.