За време на одржувањето на Струмичкиот карневал, односно викендот петок, сабота и недела рестораните и кафе баровите во Струмица ќе можат да работат до 03:00 часот, наместо законски определеното работно време за време на викенд до 01:00 часот.
Советот на општина Струмица денеска ја донесе ова одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на карневалските денови, односно од 24 до 26 февруари за најмногу 2 часа.