Денеска во близина на струмичкото село Колешино во Подгоријата била запалена депонија. Пожарот се проширил и на нискостеблеста шума во околината.
Територијалната противпожарна единица – Струмица интервенирала околу 12.00 часот. Нејзината интервенција со 3 противпожарни возила и 7 пожарникари-спасители траела три ипол часа.
Деновиве, на високите температури, македонските пожарникари на повеќе места во државата се справувале со пожари на депонии.