Во организација на Противпожарната единица на Струмица денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ се одржа Божиќен турнир во мал фудбал помеѓу екипи составени од пожарникари-спасители од Противпожарните единици на Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш, информираат од ТППЕ Струмица.
Организаторите најавуваат дека овој турнир планираат да прерасна во традиционален преку кој ќе се разменуваат искуства како на спортски, така и на професионален план.