Не отстапуваат од своите барање струмичките пензионери. И денеска го искажаа своето незадоволство од малите пензии. Тие повторно се собраа пред Домот на пензионерите во Струмица. Мите Митев од Штрајкувачкиот одбор ги информираше насобраните пензионери за вчерашната средба со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Струмичките пензионери денеска собираа потписи за поддршка на нивните барања, но и за смена на општинското раководство на пензионерите предводено од претседателката Данче Даскаловска и оставка од Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на пензионерите на Македонија.
Следниот протест пензионерите го најавија за понеделник, 21 август од 10:00 часот пред Домот на пензионерите во Струмица…