Синоќа во Хотел „Вила Парк“ во Струмица се одржа традиционалната Ловечка вечер во организација на Ловното друштво „Беласица“ од Струмица, со која беше означен крајот на ловната сезона.
На ловџиите им се обрати претседателот на ЛД „Беласица“, Марјан Даскаловски честитајќи им за успешно завршената ловна сезона, а на оваа „ловџиска забава“, присуствуваше и струмичкиот градоначалник Костадин Костадиновски, покровител на забавата на ловџиите. Освен струмичките ловџии тука беа и ловџии од повеќе ловџиски друштва од од регионот, пријатели на ЛД „Беласица“ со кои имаат успешна соработка.
Традиционално, за сите гости на ова забава имаше и богата лотарија во која главните награди беа ловџиски пушки, машини за перење и сушење алишта, електричен шпорет од голем број спонзори… За добрата забава до раните утрински часови се погрижија Благица Калева и „Фигаро Бенд“.