недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Василево

Струмичките екологисти бараат итно гасење на депонијата „Шапкар“ и спречување нови опожарувања, најавуваат активности

недела, 30 јуни, 2024 | 11:10
in Василево, Вести, Струмица
Струмичките екологисти бараат итно гасење на депонијата „Шапкар“ и спречување нови опожарувања, најавуваат активности

Интегрално го пренесуваме соопштението на еколошкото здружение „Здрава Котлина“ од Струмица во врска со депонијата „Шапкар“ кај струмичкото село Доброшинци, општина Василево, која е во пламен неколку дена:

„КАНЦЕРОГЕНИОТ ПЕКОЛ ВО СТРУМИЧКАТА КОТЛИНА
Моментално депонијата Шапкар до селото Добрашинци гори веќе 5ти ден, но оваа информација очигледно не предизвикува никаква загриженост скоро кај никого зошто се смета дека е нешто незначително и далеку. Нешто што нема влијание на никого освен можеби на блиските села Добрашнци, Висока Маала и Нова Маала… Но колку сте сигурни дека така стојат работите??!
Група наши активисти синоќа беа на депонијата Шапкар и направија снимки од кои дел одеа во живо на страницата на Здрава Котлина. Она што го затекнаа таму беа надреални апокалиптични сцени на црн, отровен, смрдлив, канцероген чад и пепел од огромни пламени јазици кои се ширеа во периметар кон сите правци освен кон патот за Добрашнци. Жежок ветар го носеше чадот од запаленото ѓубре и вегетација во густи каделки чад небаре е парадоксален есенски маглив ден со ветар што ја згуснува наместо да ја растерува маглата. Нема зборови што можат да го опишат гротескните сцени на локалната апокалипса што се случува таму, но и одвратниот молк на сите нас кои го игнорираме подмолниот отров што колективно го дишеме. Не можеме ни да замислиме како секојдневно тече животот во отруените блиски села Добрашнци, Висока Маала и Нова Маала кога ветерот ќе го сврте правецот на дување од градот кон нив. Ова е поразително…
Депонијата гори на повеќе различни локации на приближно 2 км2 површина. За илустрација тоа е површина колку половина Струмица. Чадот што се издига до небото е црн, отровен, смрдлив, канцероген, леплив… Тоа е истиот чад што ја исполнува Струмичката котлина со сите населени места во неа вклучувајќи го и градот Струмица. Мирисот на изгорено што се чудете од каде доаѓа во вечерните часови треба да ви биде јасно дека е од депонијата Шапкар. Треба да ви биде јасно дека тогаш сте вдишале отровни канцерогени честички во вашиот организам кои ќе предизвикаат сериозни последици зависно од каков хемиски состав сте имале несреќа да вдишете. Диоксини, фурани, тешки метали, флуороводороди, хлороводороди, полихлорирани бифенили и што се не…
Ова е особено важно за децата и повозрасните кои се посебно осетливи на респираторни заболувања. Дополнително канцерогените честички од чадот се таложат во водите на вештачката акумулација Турија што понатаму оди за водоснабдување на Струмица и наводнување на земјоделските површини во Струмичко поле. Чадот оди и во земјоделските плодови кои се контаминираат со секој ден што гори депонијата. Така или вака, канцерогениот отров влегува во сите нас и нашите деца па да не се чудиме зошто последиците од ова зло се појавуваат зачестено во популацијата.
Во моментов НЕ ПОСТОИ НИШТО ДРУГО СО ПОГОЛЕМ ПРИОРИТЕТ ОСВЕН ВЕДНАШ ДА СЕ ИЗГАСИ ДЕПОНИЈАТА ШАПКАР и да се направи се што е неопходно за да се спречи секакво ново палење! Ангажман на дополнителен број на работници со соодветна механизација и опрема но особено да има ЗАШТИТНИ МАСКИ СО КИСЛОРОД за секој таму што ќе работи во тој отровен пекол. Поголеми слоеви земја помеѓу два слоја депонирано ѓубре и ако е можна макар груба селекција да се одвои комунален и растителен отпад за да спречи палење и контрола. Дополнително мора да се постават тајмлапс камери што со широк објектив јавно ќе прикажуваат што се случува на депонијата 24 часа, секој ден во неделата, сите денови во годината…
Се друго е тешко лицемерство од секого што ќе се спротивстави затоа што секој ден горење ја убива иднината во Струмичката котлина и сите други проекти се само непотребна тешка глупост ако не ја запреме ламјата што живее во канцерогениот пекол во депонијата Шапкар кај Добрашнци.
Ги повикуваме општинските совети на Општина Струмица, Општина Василево, Општина Босилово и Општина Ново Село веднаш и неодложно да одржат вонредни седници и заеднички да настапат во итното решавање на горењето на депонијата затоа што сите граѓани се директни и индиректни жртви преку сте рецептори на загадувањето што се генерира со горењето на ѓубрето и отровите што се ослободуваат при таквото неконтролирано горење. Ова особено важи за ЈПКД “Комуналец” Струмица поради нивната законска одговорност за работењето на депонијата Шапкар.
Ги повикуваме СИТЕ пратеници да делуваат во Собранието на Република Македонија за решавање на овој проблем!
Ја повикуваме Влада на Република Северна Македонија да интервенира и помогне на секаков начин за да се спречи масовното труење на граѓаните!
Ако не се реагира веднаш ќе организираме низа активности што на никого нема да му се допаднат но немаме друг избор!
ОВА Е СЕРОЗЕН ПРОБЛЕМ КОЈ МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ РЕШАВА И ДА СЕ ЗАПРЕ ГОРЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА ШАПКАР ВО НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК!!!“

ShareTweetShare
Previous Post

Rent a car „Euro Skala“: Прославете со нас 11 години успешна работа!

Next Post

Шумски пожар кај Доброшинци, интервенираат пожарникарите

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за три општини во струмичкиот регион, за Струмица сé уште не одлучиле

среда, 28 мај, 2025 | 22:49
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

МВР информира за групна тепачка во селото Банско

среда, 28 мај, 2025 | 16:09

ТОП ВЕСТИ

Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“
И покрај дождот се одржа хуманитарната иницијатива „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ – 150 граѓани трчаа низ струмичките улици
По повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј, Општина Струмица додели 15 плакети и признанија на најдобрите просветни работници

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist