Во недела на 7 мај од 20:00 часот Струмичкиот народен театар „Антон Панов“ премиерно ќе ја одигра претставата „Пчелите ќе умрат“ во режија на Драгана Таневска, а според текстот на руско-полскиот драмски писател Иван Вирипаев.
Во претставата играат актерите Ангелина Тренчева Ангелова, Танкица Стојанова и Игор Тодоров. Оваа претстава е работена во копродукција со Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Целта на соработката е да се искористи мрежата на Нета и претставата да може да посети повеќе фестивали и театри во регионот и Европа.