Театарот „Антон Панов“ од Струмица има потреба од ангажирање момче на возраст од 7-8 години во претставата „Црна дупка“ која во моментот се подготвува.
Предност имаат деца кои покажуваат склоност кон јавни настапи, кои го сакаат театарот, но, се разбира, соработката е отворена и за сите оние момчиња кои сакаат да го запознаат театарот одблизу.
Заинтересираните родители слободно можат да ги контактираат на телефонскиот број: 071/205 264.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								