Денеска со натпреварите од 19-то коло започна пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Дуелот во Скопје помеѓу ФК „Македонија ЃП“ и ФК „Академија Пандев“ заврши со триумф од 0:1 за „пандевци”, кои во Струмица донесоа три бода со кои излегоа од бараж зоната, користејќи го поразот на ФК „Победа“.
Стрелец во 74-та минута за „Академија Пандев“ беше новото засилување од Грузија, Микеил Ергемлиџе.
Ова е четврта победа на „Академија Пандев“ која сега со 15 бода се искачи на 9-тата позиција од Прволигашката табела. Следниот натпревар струмичани повторно ќе го играат на гости, на 5-ти март кај „Шкупи“.