Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе се одржи од 22 февруари до 1 март, а главната карневалска вечер ќе биде на 25 февруари (сабота).
Карневалските празнувања во Струмица траат осум дена од среда до среда, а освен главната интернационална вечер на која покрај домашни карневалски групи и поединци ќе учествуваат и карневалски групи од повеќе држави од регионот, ќе се организираат и неколку други настани и содржини, како што се „Концертот под маски“ на Музичкото училиште „Боро Џони“, изложба на фотографии од минатогодишниот фестивал, изложба на карикатури и афоризми на тема „Карневал“, Детскиот карневал на Прочка, традиционалното делење бел фасуљ на Чист понеделник, одбележувањето на Тримери, а Маскенбалот е во петокот кога се избира принцот и принцезата на главната карневалска вечер.