Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов со членовите на Советот, Александар Ненчев и Ице Беличев, како и шефицата на Кабинетот, Лефка Тaнева денеска во Ниш имаа средба со градоначалничката на овој град, Драга Сотировски.
„Разговаравме за теми од интерес на двете општини, а во детали меѓусебно се информиравме за актуелностите поврзани со економијата и енергетиката. Разменивме информации и искуства од управувањето со двата града кои даваат силен економски импакт во економиите на соседните држави“, истакна градоначалникот Костадинов.
Градоначалничката на Ниш вели дека со градоначалникот на Струмица прв пат се сретнале на Конференцијата на претставниците на градовите од земјите од Западен Балкан во Тирана, каде баравме решенија за паметни, безбедни и зелени градови.
„Денешната средба ја продолживме со разговор за можностите за заеднички настап во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ и кон ЕУ фондовите, како и за подобрување на културната соработка на нашите два града“, вели градоначалничката Драга Сотировски.