понеделник, 18 август 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичката „Брера“ го почнува првенството со „Вардар“ – прес конференција на Пандев, Алеоти и Валенти

сабота, 5 август, 2023 | 14:36
in Вести, Струмица

Во недела стартува новата првенствена сезона, а ждрепката посака во првото коло „Брера Струмица“ да се соочи со тимот на „Вардар“ од Скопје. Натпреварот ќе се игра на теренот на СРЦ „Пандев“ во Струмица со почеток во 17:00 часот, кога струмичкиот тим ќе се обиде со победа да ја отвори новата натпреварувачка сезона.

Во пресрет на утрешниот натпревар и стартот на новото првенство прес конференција денеска одржаа Горан Пандев, претседател на клубот, Александро Алеоти, член на Управниот одбор на „Брера холдинг“ и Џовани Валенти, шеф на стручниот штаб на ФК „Брера Струмица“.

Подготовките поминале во најдобар ред и речиси сите фудбалери стојат на располагање за премиерата во новата првенствена сезона.

„Голема е честа што првиот натпревар ќе го играме со „Вардар“ кој е тим со многу титули и навивачи. Ќе играме офанзивен фудбал. Сакам струмичани да ја наполнат трибината и да ја видат нашата нова фудбалска филозофија и приказна. Нашата идеја е да го имаме поседот на топката, да нападнаме и да играме на гол повеќе. Ние 30 дена тренираме за овој натпревар и се надеваме дека утре ќе славиме“, кажа Валенти.

Претседателот на клубот Горан Пандев вели дека од утре треба да стартува и дологонајавуваниот проект за кој се надева дека ќе биде успешен, најави за уште две засилувања во нападот.

„За нас почнува нова сезона, нов проект. Се надеваме ќе биде успешен. Подготвени сме, веќе еден месец играчите работеа напорно. Имаме нов стучен штаб, екипата се засили со 4-5 играчи, а во преговори сме со двајца напаѓачи. Се надевам следната седмица ќе ги промовираме и ќе се комплетираме. Чест ни е што со „Вардар“ ја отвораме сезоната, бидејќи тие се најголемиот фудбалски бренд“ – кажа Пандев.

Ова прес конференција е и покана до сите симпатизери на „Брера Струмица“ и љубители на фудбалот да бидат дел од новата фудбалска приказна.

ShareTweetShare
Previous Post

Претрес во Струмица, приведен дилер

Next Post

Струмичката ликовна колонија слави голем јубилеј – 60 години од основањето, уметниците од денеска почнаа да создаваат нови дела

Related Posts

Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот
Вести

Одново во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

понеделник, 18 август, 2025 | 10:39
Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана
Вести

Уметникот Александар Филев ја продава оваа слика, а парите да се уплатат на сметката за помош на Тијана

недела, 17 август, 2025 | 22:47
Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства
Вести

Да и помогнеме на 9-годишната Тијана од Добрејци која цела година води битка со тешка болест – Итно се потребни финансиски средства

недела, 17 август, 2025 | 22:22
Во Струмица вчера казнети 35 возачи за брзо возење
Босилово

Во сообраќајка на патот Босилово – Радово повредени две лица

недела, 17 август, 2025 | 16:43
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

40-годишна жена пријавила дека снаата физички го малтретирала своето тримесечно бебе

недела, 17 август, 2025 | 15:37
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Босилово

Сообраќајка помеѓу трактор и товарно возило – тешко повреден 77-годишен жител на Секирник

недела, 17 август, 2025 | 14:54

ТОП ВЕСТИ

Првата концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ посветена на трагично загинатиот музичар Џоко Ѓоргиев
Пожар во Штука – гореше кровна конструкција од куќа и штала
Повредени тројца млади луѓе на возраст од 12, 15 и 19 години кои со мотори направиле сообраќајка на „Ленинова“

ВЕБ БИЛБОРД

Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“
На 15 и 18 август во струмичкиот регион ќе се изврши ларвицидна и терестична дезинсекција
Вечерва втора концертна вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ – македонска музика и големи хитови
Првата концертна вечер на „Струмица ОПЕН фестивал 2025“ во чест на Џоко Ѓоргиев
Струмица ќе ги чествува двата Илиндена

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist