понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичката библиотека ја промовираше книгата „Заточена светлина“ од Смилана Василевска

среда, 29 март, 2023 | 10:39
in Вести, Струмица
Струмичката библиотека ја промовираше книгата „Заточена светлина“ од Смилана Василевска

Во издание на ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, синоќа беше промовирана книгата со поезија „Заточена светлина“ од Смилана Василевска, сопругата на познатиот писател и новинар Иван Василевски.

Денот на промоцијата, 28 март е годишнината од смртта на Иван Василевски, и таа сакаше токму на тој ден да ја промовира својата книга посветена на сопругот Иван и синот Вартан, кои оддамна не се со неа во животното патување, но се покрај неа на Преведена.

Промоцијата ја отвори директорот на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“, Денис Мустафов кој кажа дека се надева ова книга ќе им се допадне на многу љубители на убавиот пишан збор, бидејќи истата е напишана со срце и од душа од нашата роднокрајна авторка Смилана Василевска.

Рецензентот на „Заточена светлина“, Ѓорги Калајџиев евоцираше спомени со писателот Иван Василевски и неговото семејство, говореше за Смилана која прва го читаше секој напишан стих или текст на Иван и ја даваше првата книжевна критика за напишаното.

„Во стиховите на „Заточена светлина“ може да се препознае ненаметливото влијание на мајсторското поетско кредо на Иван Василевски , кое низ годините на љубовното заедништво потајно мигрирале од една во друга духовна постојбина. Тоа е времето кога двете души станувале една, тоа е времето кое Смилана со префинет усет за грижливо паметење го спаструва во најголемиот дел од своите стихови. Небаре станува збор за аманет, за скришен завет кон љубениот, низ поетски изблив да се придодаде нова епизода во судбинското сценарио на една вонвременска љубов. Поетскиот обид на Василевска, опстојувајќи во таа намера, е повеќе од успешен. Токму затоа, кај мене насловот на стихозбирката има двојна импресија. Час животната разделба засекогаш ја ставила во заробеништво некогашната светлина на животот и љубовта, час таа светлина од спомени останува заточена во меморијата на поетесата, за да и биде светилник во изнаоѓањето на патот по кој таа чекори низ животот“ – кажа рецензентот Ѓорги Калајџиев.

На промоцијата стихови од книгата „Заточена светлина“ читаа легендата на струмичкото и македонското спикерство, Гонца Шивачева и ќерката на Смилана, Наташа Василевска Трајчевска.

Ова е втора книга на Смилана Василевска, по првата „Песната на гугутката“ издадена во 2016 година.

ФОТОГАЛЕРИЈА | ВИДЕО

ShareTweetShare
Previous Post

Земјотрес почуствуван во Струмица, епицентарот во близина на Штип

Next Post

Донирани спортски реквизити за ООУ „Даме Груев“ во селото Куклиш

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist