четврток, 31 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанката Љупка Вртева меѓу ТОП 10 говорници во Словенија – ја раскажува својата приказна која почнува од Струмица

сабота, 25 јануари, 2025 | 10:59
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Струмичанката Љупка Вртева меѓу ТОП 10 говорници во Словенија – ја раскажува својата приказна која почнува од Струмица

Струмичанката Љупка Вртева по изборот за „Жена инжинер за 2023-та“ во Словенија во јануари минатата година, новата 2025-та година ја почна со уште еден голем успех. Таа е избрана во топ 10-те говорници од вкупно 200 кандидати во Словенија, врвни експерти од различни области, кои со својот инспиративен пример поврзуваат, обединуваат и мотивираат да се поместиме од некоја мртва точка во која се наоѓаме.

„За првпат бев во улога на говорник и имав чест да го споделам овој голем подиум со врвни експерти од различни области. Искрено, бев изненадена кога го видов своето име меѓу толку признати имиња. Јас сум машински инженер и мојата работа најчесто е поврзана со бројки, а не со зборови. Но, можеби ова признание дека припаѓам во топ 10 говорници во Словенија е само доказ дека како општество ни требаат инспиративни примери“ – вели Љупка Вртева која на 11 декември Општина Струмица и ја додели и Годишната награда „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномашеници“ за 2024-та година.

Таа за Радио СтрумицаНет вели дека во своето обраќање на овој голем настан зборувала за својот пат од Струмица до „Инжинерка на годината“ во Словенија.

„Целта ми беше публиката да ги слушне добрите работи, да веруваат во себе дури и кога е тешко и да видат пример дека се е можно ако желбата и целта се доволно големи, поточно поголеми од стравот“ – вели Љупка, потенцирајќи дека најмногу ги сака народните приказни, вистинити, искрени и топли. Приказни од кои сите можеме да научиме нешто и никогаш да не ги заборавиме, раскажувајќи една своја приказна пред словенечката публика.

„Таму каде што успехот е резервиран за оние кои му следат на системот, јас сонував поинаку. И кога си поразличен, си чекор пред оние кои ја следат толпата. Родена сум во Македонија, каде што успехот изгледаше како нешто што му припаѓа само на оној кој ги следи правилата на системот и се приспособува на околината.  Средина во која е важно чиј си и каков е твојот социјален и личен статус (дури и ако си само дете). Но, уште како дете знаев дека не можам да ги следам тие правила, бидејќи бев голем бунтовник. Сакав нешто повеќе. Некое длабоко верување во мене ми кажуваше дека патот на прилагодување на околината може да се претвори во пат кон успехот, ако целта е јасно поставена и желбата е доволно силна. И зошто ни се зборови и желби, ако нема дела? Во гимназијата каде што учев не бев задоволна од начинот на кое беше оценето моето знаење по предметот физика и останав верна на мојата вредност – ЧЕСНОСТА. Сè во животот треба да се заслужи. Затоа решив да се пријавам на комисиски испит по физика и да го полагам целиот учебник. Сакав мојата оценка да биде резултат на моето знаење, а не заради мојот личен и социјален статус во општеството“ – раскажува Љупка.

Вели дека вредностите што ги имаме секогаш се поважни, без разлика на тоа во каква ситуација се наоѓаме, во какво општество живееме и како тоа ќе влијае на нашата позиција во заедницата.

„И морам да кажам, јас не бев некоја врвна математичарка или физичарка. Бев дете кое доаѓаше од семејство на музичари и економисти. Дури и на 6-годишна возраст, сонував дека еден ден ќе бидам балерина. Но, очигледно уште тогаш сум имала и план Б“ – додава таа, зборувајќи и за нејзиниот план Б, како можност за нов почеток.

„Сакав поинаков живот, почитував различни вредности, сакав да се стекнам со знаење и да си заслужам почит. И ако не се гледаш во околината каде што случајно си се нашол, време е да направиш нов план и да поставиш нова цел – и да се држиш до неа. Замислете дека имате 18 години. Стоите на автобуска станица по 20-часовно патување со автобус, со еден куфер во раката. Ја напуштивте својата татковина. Во срцето имате надеж, но во џебот немате ниту мапа. Пристигнавте во држава каде што не го знаете јазикот, не познавате никого и немате никаква гаранција дека ќе успеете. Но, имате едно нешто: ЈАСНА ЦЕЛ! Да, тоа е почетокот на мојот план Б. Словенија беше можност, но исто така и предизвик. И за да биде чекорот уште поголем, се најдов на Машинскиот факултет во Љубљана, во предавална каде што разбирав само „добар ден“ и „догледање“ – и тоа не поради зборовите, туку поради часовникот, бидејќи знаев дека предавањето е завршено. И ништо не беше тешко тогаш, бидејќи мојата цел и желбите беа поголеми од стравот“ – вели Љупка во својот говор.

Струмичанката Љупка Вртева во својата приказна вели дека најголемиот предизвик е да се победиме самите себе, говорејќи и за своите изненадувања во животот, за нешто што не можела да го предвиди – ретка болест.

„Да, јас сум таа една на 100.000 која ја има таа „среќа“ да има имунски дефицит, што значи дека сум личност без антитела, а единствениот лек што може да ми помогне ќе биде дел од мојот живот засекогаш. Во одреден момент мојата состојба беше толку критична што станав свесна дека не можам да ја победам болеста, но можам да се победам самата себе. Можам да ја искористам моќта на болеста и ја пренасочам кон мојата цел. Кога се бориш со животните предизвици, ти станува јасно колку е важно да го цениш секој момент и секоја прилика што ти е дадена. Во животот вредат само насмевките, убавите зборови и секој искрен поглед“ – вели Љупка.

За Љупка знаењето е најмоќното оружје, без разлика на возраста или полот, а оваа пресвртница во нејзиниот живот и покажа дека секој што ќе се победи себеси може да направи сè.

„Јас, на пример, мојата кариера во областа на енергетиката ја започнав уште како студентка и тоа во целосно машки колектив. И тогаш мојата цел беше јасна – да се интегрирам, да научам што е можно повеќе и да станам што е можно посамостојна. Немав време да размислувам како машкиот свет гледа на тоа што сум единствена жена во тимот. Но, по неколку години лично се соочив со предрасуди. Еднаш наидов на ситуација каде што се соочив со изјава дека некои задачи не се за жени и дека задачата мора да ја изврши маж за таа да биде завршена. Во тој момент останав без зборови, но тоа ми даде уште поголема мотивација да покажам дека сум таму поради моето знаење и способности, а не поради мојот пол. Кој мислите дека ја заврши задачата?… Јас мислам дека е важно како општество да научиме да го цениме знаењето и компетентноста на луѓето“ – вели Љупка.

Обраќајќи им се на младите вели: „Биди таму каде што твојата присутност прави разлика“, потсетувајќи дека како што беше ценет и почитуван целиот нејзин план Б, кој минатата година беше награден со титулата „Инжинерка на годината“, но, не во средината каде што е родена и израсната.

„Секој од вас има одреден потенцијал. Потребно е само да пронајдете средина каде што можете да го покажете тој потенцијал, да ги развивате своите таленти и да растете како личност. Важно е да пронајдете место каде што вашето присуство прави разлика. Таму каде можете да процветате. Таму каде можете да ја најдете вашата среќа и радост. Таму каде што можете да бидете точно тоа што сте и да ја следите вашата ЦЕЛ“ – ја завршува приказната Љупка Вртева, родум од Струмица, Македонија која живее и работи во Љубљана, Словенија, овој месец избрана во топ 10-те говорници од вкупно 200 кандидати.

М-р Љупка Вртева, која по завршувањето на средното образование во Струмица, во 2011 година ги започна студиите на Машинскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, денес е вработена како развоен инженер во областа на греење, вентилација и ладење на објекти и проектен менаџер на соларна централа во компанијата „Петрол“ во Љубљана.

ShareTweetShare
Previous Post

Повторно вклучен алармот за загадување на воздухот во Струмица – Министерството за животна средина препорачува

Next Post

Се запали електрична табла на „Климент Охридски“

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Сообраќајка меѓу Дабиље и Петралинци – повредени пет лица меѓу кои и 5-годишно дете

четврток, 31 јули, 2025 | 11:51
Исчезнал 34-годишен жител на Куклиш, неговиот автомобил е пронајден, но се трага по него
Вести

Во прекин е патниот правец Струмица – Берово кај Сарајска раскрсница

среда, 30 јули, 2025 | 23:06
Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија
Вести

Ликовното богатство од Струмица пренесено во Гевгелија со изложбата на дела од 61-та Струмичка ликовна колонија

среда, 30 јули, 2025 | 15:42
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Струмичкото јавно обвинителство отвори истрага за струмичанец кој се обидел да подметне пожар на викендица

вторник, 29 јули, 2025 | 18:08
Четврток ќе биде пазарен ден во Струмица
Вести

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица

вторник, 29 јули, 2025 | 09:49
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица реагира на објави на социјалните мрежи од страна на политичка партија

понеделник, 28 јули, 2025 | 12:39

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Петок, 1 август ќе биде пазарен ден – во сабота нема да работат пазарите во Струмица
Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist