21-годишната струмичанка Славица Ангелова е победник на најпопуларното натпреварувачко ТВ шоу на балканот – „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/2023 година.
Таа вечерва со уште 16 кандидати во супер финалето се натпреваруваше за големата награда, а со помош на СМС гласовите на публиката од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија стигна до последниот круг во дуел со Драган Ѓуриќ од Добој, Босна и Херцеговина. Меѓу нив двајцата публиката одлучи со 88.367 гласови победник да биде скромната, но борбена со својот маестрален глас, Славица Ангелова од Струмица.
Наградниот фонд за оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е значајно повреден од минатата година. Славица ќе добие автомобил од марката Фиат Типо, во вредност од 20.000 евра, нова песна и видео спот, како награда за победата од Гранд продукција, но и комплетен маркетинг.