Младата струмичанка Славица Ангелова повторно на сцените на „Гранд продукцијата“, по 5 години на „Неки нови клинци“, вечерва и на сцената на „Звезде Гранда“. Блесна со својот настап и интерпретација, го освои жирито со неверојатните 8 гласови.
„Се гледа дека ова девојка веќе била тука на ова сцена, дека точно ја помина таа младинска сцена“ – кажа Саша Поповиќ, по што следуваше тешката одлука на Славица кој да избере за ментор.
„Се двоумам меѓу Џоле и Марија. Тешко е многу, многу ми е тешко… Го избирам Џоле“ – кажа Славица, а Џоле не го криеше своето задоволство што ова талентира девојка го избра баш него за ментор.
„Голема чест ми е. Морам да кажам дека од Џејле Рамовиќ не се појавил никој кој вака ме изненади и израдува… се радувам“ – и кажа Џоле на Славица.