Ангела Котуровиќ од Струмица обезбеди пласман во третиот круг во големото балканско музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Ангела пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ, а нејзината изведба најпрво ја пофали Вики Милковиќ. Таа ги освои сите шест гласа од вториот круг и обезбеди пласман во следниот круг од ова музичко натпреварување.
„Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти пееше во вистинска смисла на зборот“ – кажа Вики, додека Босанац кажа дека Ангела е пејачки капитал кој треба да се унапреди, а во своите коментари не се штедеа ниту останатите членови од жирито.
Ментор на 22-годишната Ангела е Марија Шерифовиќ, која изрази задоволство од својот кандидат и кажа дека ќе продолжат да работат максимално во иднина.