Вечерва струмичани, љубители на шахот, во релаксирана атмосфера другаруваа и играа со учесниците на Европско и Светско првенство во шах од Струмица. Надица Велкова, која од 4 до 15 септември ќе учествува на Европското првенство во шах што ќе се одржи во Романија и учесниците на Светското првенство, Ина Крумова, Мартин Гоцев и Јован Вукашиновиќ кои од 14 до 27 октомври ќе се натпреваруваат во Египет.
Настанот се реализираше пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Секое присуство и секоја одиграна партија допринесе во градењето самодоверба и одбирањето вистински потези. На четворицата млади струмичани им посакаа среќа и успех, и гордо да ги бранат боите на Струмица и Македонија.