Втора година во низа одбојкарите на „Штип УГД“ се освојувачи на Купот на ОФМ, откако во финалето во Радовиш со 3:0 се радуваше над екипата на ОК „Струмица 47&72“.
Немаа лесна задача одбојкарите на Кристијан Ристески, со оглед на тоа дека Струмица беше силно мотивирана. Сите сетови се играа рамноправно, со голема борба на двете страни и атрактивни поени. Истовремено имаше и многу технички грешки и на двете страни, пред се на сервис. На крајот одлучи она што е карактеристика за Куп натпреварувањето, моменталната инспирација.
ОК „Штип УГД“ го предводеше организаторот на играта, Давид Стојанов, кој беше прогласен за најкорисен играч на завршницата на Купот на ОФМ 2025.