Синоќа околу 22 часот на улица „Првомајска“ во Валандово патничко возило „Опел корса’’ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) од Струмица, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ѓ.А.(29) од Штип, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник. Повредите биле констатирани во болницата во Валандово. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово, информираат од СВР Струмица.