МВР информира дека вчера во 10:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од село Банско, струмичко. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.