МВР информира дека вчера во 16:40 часот во Полициската станица Центар, П.Ѓ.(58) од село Градошорци, струмичко, пријавил дека околу 15:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со закана му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.