МВР информира дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.М.(25) од Струмица и Џ.Д.(33) од Кавадарци. Тие се сомничат дека истиот ден од домот на Ј.И.(72) од Кавадарци одзеле паричник со пари и личен предмет. Лицата биле задржани во Полициската станица во Кавадарци, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.