39-годишен жител на Струмица доби кривична пријава откако им се заканувал на вработените во Полициска станица во Гевгелија, при што искршил стакло и влезна врата, соопшти МВР.
„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2024, пријавениот упатувал закани кон вработени лица во Одделението за управни работи при ОВР Гевгелија, а потоа го искршил заштитното стакло на пултот и влезната врата“, велат од полицијата.