СВР Струмица информира дека вчера попладне околу 15:00 часот на раскрсницата од улиците „Орце Николов“ и „Моша Пијаде“ во Струмица, Д.П.(60) управувајќи мотоцикл „Пежо“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во струмичката болница, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.