МВР информира дека вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ј.(39) од Струмица. Тој бил затекнат како во возило комбе „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки врши меѓународен превоз на патници без да поседува лиценца од Министерство за транспорт и врски. М.Ј. бил приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.