Мартин Гоцев од Шаховскиот клуб „Цареви кули“ од Струмица е државен првак на „Шаховското младинско државно првенство на Македонија 2023“ во групата за деца до 10 години.
По 9 одиграни кола, Мартин успеа да освои 7,5 поени и со тоа попладнево како победник се закити со златен медал и доби пехар, информираат од Шаховскиот клуб „Цареви кули“.
Со овој резултат, талентираниот Мартин ќе има право да ја преставува Македонија на идното Светско првенство.
Од клубот информираат и дека во истата група, Мартин Велков кој одигра задоволително, го освои 12-то место, постигнувајќи 5 поени.