Златко Пасков од Струмица, член на карате клуб „Шихан“ е светски шампион во дисциплината кршење даски на Светското првенство во фудокан карате, кое од 8 до 11 мај се одржа во Пулави, Полска.
Тој минатата година се закити со титулата европски шампион во кршење даски на Европското првенство фудокан карате во Словенија.