недела, 27 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Струмичанецот Ацо Ѓоргиев по денешното воведување на јавен превоз во Струмица, преку хумор потсети на едни минати времиња

среда, 11 септември, 2024 | 23:42
in Вести, Струмица
Струмичанецот Ацо Ѓоргиев по денешното воведување на јавен превоз во Струмица, преку хумор потсети на едни минати времиња

Познатиот струмички афористичар Ацо Ѓоргиев од Муртино по повод денешното воведување на јавен превоз во Струмица, преку хумор потсети на едни минати времиња, текст од неговата книга „Прикаски у три реда и еден уврт” во која запишал анегдоти од струмичко, на струмички дијалект и е прва книга објавена со таква содржина…

АЛТОБУЗ ЗА МУРТИНО

У денешно време на толко коли, таксина, комбина, алтобузе, ного-о лесно да најдеш превоз ду дома, ама пред 35-40 гудини коа имаше само алтобуска линија, е тугај беше проблем за превозо.

Т’ка еден ден у Струмица, две средновечни жени ут Муртино, пазарувале разни работи за дома, ут повечке продавници, на крајо допазарувале ут пазаро нешто и кренале на кај алтобуската. Таа едната шо била малко постара имала две огромни торби пазарл’к, а другата – две торби пазарл’к и едно гулемо тенџере за варене ајвер.

– Додо, ај да поваркаме, да не испуштеме алтобузо, оти после дале ќе има друг којзнаа. – кажала помлаaта.

– Арно викаш, ама с’с тиа торби араре толко може да се варка.

Стигнале ду алтобуската и оште ут далеко забележиле оти еден алтобуз веќе-e готов да кренува.

– Додо, тај сигурно ќе-е за Муртино, гледам ги у натре Кољо комшиaта и на Трајанка маж и’, а и ного други муртинци! Влевај поскоро!

Низ ѕадната врата на полупразнио алтобуз влезеле двете жени и седнале на ѕадните седишта оти биле слободни и имало повчке место да сместат торбите и тенџерто за ајвер.

Само шо седнале и алтобузо тргнал.

– Таман на време –кажала постаарта – за малко ќе го испуштааме. Арно биде.

Кондуктеро пучнал да проверува дале патниците имат купено карти, а тај шо немал си купувал на лице место. Нормално, почнал ут тиа шо седеле напред на алтобузо и полека, полека оде на кај ѕадната страна.

– Додо, јас ич немам ситни пари, ај да не раситнувам сега, ти плати, па после ќе се разбереме.

– Ич нее проблем, таман работа, ќе земам.

Само шо наближил кондуктеро на кај них, кажала постаарта:

– Дај две карти за Муртино.

– Как за Муртино!? – питал кондуктеро, гледа у торбите и у тенџерто и нешто не моо јасно.

– Ја т’ка убаво! За Муртино.

– Ама тај алтобуз не оде за Муртино.

– А за дека оде?

– За Белград.

– Как за Белград?!

– Ја т’ка убаво! За Белград.

– Е как за Белград коа алтобузо е п’н с’с муртинци?!

– Тај алтобуз е директна линија Муртино -Струмица- Белград.

Е па за т’ва има ного чувеци ут Муртино, одат за Белград на пазарo да продават зеленчук.

– Евааа!!! Додоо, шо направииме!? Еми саа?!!

– Саа, ако нејќете да одете за Белград ќе ве свалеме тука. Ај нема да ви земеме пари. Колега застани! – Викал кондуктеро на шоферо.

Слегнале жеејнте ут алтобузо, там некаде кај Василево, ду некои кокошарници. Седнале на ендеко ду пато, оште да заплачат ут мака – саа за дека се?

Дудека се мислиле шо да прават, поминал некој чувек с’с којнска кола и некако се разберале – чувеко и без т’ва удил за Струмица на пазаро, па ај ќе ги префрле ду там.

Трча којно пу пато, којнската кола тропоте, тенџерто клопоте… држат торбите да не испопаѓат… стигнале некако ду пазаро. Kажале му фала на чувеко и пак пу истата патичка на кај алтобуската.

– Додо, ај да поваркаме, белким ќе има оште некој алтобуз, оти лоша нии работта.

– Поарно ќути, гледаш оти малер не’ газе.

Таман стигнале на алтобуската, жива вода испотени ут ного варкане, гледат еден алтобуз веќе-е гутов да кренува.

Ама саа не влезеле на ѕадната врата, ами на предната.

– За дека оде тај алтобуз? – питала помлаата.

– За Мокрино. – удговорил шоферо.

– А низ Муртино мине ле!?

– Ами нема друг пат, мора низ Муртино да пумине! Как т’ва да не го знаате?!

– А бе знааме, ама ај пак да си питаме.

Стигнале у Муртино, слегнале на сред село и секоа си фатила на кај дома.

– А бе жено, шо стана ти?! Цел ден на пазар! Дек си ду сега?! Ќе те стемнеше оште малко! – кажал загрижено мажо на помлаата.

– Шо да ти расправам! Ниа рано завршииме…ама тај алтобузо нешто… дефект стана, едвај го направиа.

(Ут „Прикаски у три реда и еден уврт” А.Ѓ.)

ShareTweetShare
Previous Post

Поставена изложба на делата создадени на годинашната 61. Меѓународна Струмичка ликовна колонија

Next Post

Лишен од слобода разбојник од Владевци, од жена ограбил пари и мобилен телефон

Related Posts

ТППЕ Струмица за пожарот кај градските гробишта
Вести

ТППЕ Струмица за пожарот кај градските гробишта

сабота, 26 јули, 2025 | 20:42
Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Вести

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица

сабота, 26 јули, 2025 | 18:25
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
Вести

Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово

сабота, 26 јули, 2025 | 18:08
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника
Вести

ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

сабота, 26 јули, 2025 | 17:27
СВР Струмица: Граѓаните да не се движат кон населбата Софилар, а тие кои се таму веднаш да го напуштат местото
Вести

СВР Струмица: Граѓаните да не се движат кон населбата Софилар, а тие кои се таму веднаш да го напуштат местото

сабота, 26 јули, 2025 | 16:36
Голем пожар беснее кај градските гробишта во Струмица
Вести

Голем пожар беснее кај градските гробишта во Струмица

сабота, 26 јули, 2025 | 16:17

ТОП ВЕСТИ

Вклучен е авион за гасење на пожарот во непосредна близина на градот Струмица
Александар Гудев: Зафатена е поголема површина со оган, изгореа две викендици побарана е помош од Валандово
ВИДЕО: Стојанче Ангелов за пожарот кај градските гробишта во Струмица: Нема потреба од паника

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Младата уметница од Струмица Камелија Каламерникова ќе постави изложба во Градската уметничка галерија
Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist