На 11 декември, Денот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Струмица традиционално го одбележува својот патронски празник, славејќи ги заштитниците на градот. Годинава, одбележувањето ќе биде реализирано во поскромна форма, преку свечена седница и две богослужби на Црквата предвидени во програмата.
Празничните активности започнуваат на 10 декември (среда), во 16:00 часот, со Празнична вечерна богослужба во Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ во Струмица. Следниот ден, 11 декември (четврток), со почеток во 08:30 часот, во истата црква ќе биде отслужена и Света архиерејска литургија.
Свечената седница на Советот на општина Струмица ќе започне во 11:30 часот во Националната установа Центар за култура „Антон Панов“. На седницата ќе бидат доделени традиционалните Годишни награди и Наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ за 2025 година.






























