среда, 29 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
in Вести, Струмица
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

Пред бистата на Народниот херој Благој Јанков Мучето во малиот градски парк во Струмица денеска беше одбележана 81-та годишнина од убиството на Мучето.

За животот и делата на Благој Јанков Мучето говореше Ице Беличев, член на Советот на општина Струмица.

„Благој Јанков Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот времеплов, личноста која ја заслужува должната почит на секој оној кој ги љуби минатото, сегашноста и иднината на својот роден град, на секој оној кој искрено ја сака Струмица. Токму поради тoa повторно се собравме за да ја одбележиме 81-годишнината од денот на неговото загинување, но и да се потсетиме, кој беше Благој Јанков и за каква идеја се бореше и го положи својот живот. И до ден денес, но и за вечни времиња, останува да се каже дека Народниот херој Благој Јанков Мучето, беше, е, и ќе биде наша струмичка гордост. И затоа во мое, во Ваше име и во името на цела Струмица, бескрајно му благодарам за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани“ – кажа Беличев.

По одржаниот говор за Мучето, претставници на Советот на општина Струмица, струмичката организација на Сојузот на борците и нивни поддржувачи, политички партии и јавни установи положија свежо цвеќе пред бистата на Мучето, а стихови за Благој Јанков Мучето кажуваа членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади кој го носи името на Народниот херој.

„На 14 јули 1944 година бугарскиот фашистички окупатор во Струмица го убива Благој Јанков-Мучето (3 јуни 1911 – 14 јули 1944) народен херој на Македонија, револуционер и комунистички деец. На неговата мајка не ѝ било дозволено да го земе телото и да го погреба својот син, а бугарските власти го фрлиле кај реката Тркајна. Но, посмртните останки на Благој потоа се пронајдени и погребани. Мучето бил жесток противник и на политиката на бугарскиот окупатор за асимилација на македонскиот народ“. Ова го има напишано историчарот-кустос Емилија Петковска, сега почината, во својата научна статија со наслов „Струмичкиот народен херој“, која е објавена во зборник на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на Струмица во 2014 година.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Избувна пожар во стан во Струмица

Next Post

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

Related Posts

Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 10:27
Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето
Вести

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето

недела, 26 октомври, 2025 | 17:18
Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist