Шампионот ОК „Струмица Никоб“ потпиша договор за соработка со еден од најголемите и најпознатите одбојкарски клубови и центри во Полска, „Јастржебски Вегиел“. Договорот го потпишаа Владо Милев, претседател на струмичкиот одбојкарски клуб и Адам Горол, претседател на ОК „Јастржебски Вегиел“.
ОК „Струмица Никоб“ како еден од најголемите одбојкарски центри во Македонија во иднина ќе има блиска соработка со двократниот шампион на Полска и освојувач на Купот на ова земја.