Вечерва во Скопје одбојкарите на „Струмица Никоб“ триумфираа над „Работнички 71&22“ и се пласираа во финалето од разигрувањето во македонскиот одбојкарски шампионат.
Со резултат од 3:1 во сетови над вечерашниот ривал, екипата на „Струмица Никоб“ уште еднаш го покажа квалитетот, желбата и мотивација за освојување на титулата и оваа државно одбојкарско првенство.