Ракометната Федерација на Македонија – РФМ официјално го соопшти терминот и местото на одигрување на овогодинешниот Суперкуп.
Актуелниот шампион, Еурофарм Пелистер, ќе се сретне со победникот на Купот, Вардар 1961, во салата „Парк“ во Струмица. Натпреварот ќе се одигра во среда на 6-ти септември со почеток во 18:00 часот.
Струмичката публика ќе има можност да проследи спектакл помеѓу двата наши најголеми клуба, а на теренот се очекува жестока битка меѓу лутите ривали.