Само звукот на студениот ветар се слушаше… Молкум струмичани тагуваа и вечерва по изгубените млади животи во трагедијата која се случи во Кочани. Голем број на граѓани, а најмногу млади и вечерва им оддаваа почит на загинатите, меѓу кои беше и нивниот сограѓанин, 24-годишниот Ѓорѓи Ѓоргиев, тапанар на бендот на ДНК кои имаа концерт таа кобна вечер. Палеа свеќи и се потпишуваа во книгата на жалост. Млади со пароли в раце испратија пораки до надлежните и институциите, сакаат државата да функционира без корупција.