На едно четиричлено семејство во декември му биле потребни дури 51.235 денари или околу 830 евра за задоволување на минималната синдикална кошничка.
Гледано низ пресметките на ССМ животот на граѓаните од месец во месец станува се поскап. Ако во јануари минатата година едно семејство за да преживее му требало 35.811 денари, таа сума за животни трошоци во декември стигнала над 51.000 денари, односно животот станал поскап за плус 15.000 денари. Синдикалната кошничка покажува дека инфлацијата во декември удрила со 18,7% по џебовите на граѓаните.
„Вкупно на едно четиричлено семејство му биле неопходни 43.163 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071 денари се доаѓа до бројката од 51.235 денари“, прецизираат од ССМ.