сабота, 8 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Сречко Гунчев од фотографии создаде уметнички слики кои ги изложи пред струмичани во Центарот за култура

среда, 7 декември, 2022 | 22:13
in Вести, Струмица
Сречко Гунчев од фотографии создаде уметнички слики кои ги изложи пред струмичани во Центарот за култура

На прв поглед чиниш цртани се, истурени бои на подлога, а такви слики прават само ликовните уметници. Тоа е првиот впечаток кога ќе влезете во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, каде е поставена Изложба, но не на слики, туку на фотографии направени од Сречко Гунчев, професионален фотограф. Дилема меѓу посетителите, па Сречко мораше да им ја дообјаснува содржината на фотографиите, што е што на изложената фотографија. Навистина нешто фасцинантно, нешто што секоја фотографија ќе ве замислува и ќе бара да ја откриете нејзината содржина, а ретко кој на прв поглед ќе ја открие, ако авторот не ви го објасни секој нејзин дел.

„Гунчев со својата умешност низ крајно трансформирана линија и колоритност отвора еден нов хоризонт кој степенот на апстракција води кон патување определен од сопствениот начин на доживување на природата. Во неговите дела можеме да забележиме поглед кој авторот ги организира своите асоцијации, внатрешни вибрации, ослободувајќи ја онаа енергија којашто создава сопствена калиграфија, хармоничен колорит кој блеска со оптимизам и животна радост. Ако уметноста е желба на човекот, да се изрази себе, да ги забележи своите реакции, своите особини во светот во кој живее и помогне да се промени на подобро, Сречко Гунчев има причина да биде задоволен од она што го работи, бидејќи неговите дела вибрираат среќа, радост, задоволство и се е поетска и драматична манифестација на поимот радост на живеењето“ – кажа ликовниот уметник Александар Филев промовирајќи ја изложбата „Апстрактни вибрации“ на Сречко Гунчев.

Познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев, вработен во Центарот за култура во Струмица скоро 30 години ги има фотографирано сите театарски претстави и културни настани кои се одржувале во струмичкиот Храм на културата. Ги овековечувал со фотографии Струмичкиот карневал, ФКТ „Ристо Шишков“, Струмица Опен фестивал и уште многу други културни и спортски настани. Неговата посветена работа е признаена и наградена во 2017 година со доделувањето на Годишната награда на Општина Струмица – „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Ова е седма самостојна изложба на фотографии на Сречко Гунчев во изминатите 10 години, а последната „Апстрактни вибрации“ на која се изложени 30-тина дела, граѓаните ќе можат да ја видат во наредните 15-тина дена во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

БЕНЗОИЛ ќе го извлече добитикот на „VOLKSWAGEN POLO“ на 21 декември

Next Post

Во пресрет на патрониот празник на Струмица, Завод и Музеј организираше Научен собир

Related Posts

Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на „Тик Ток“

сабота, 8 ноември, 2025 | 11:40
Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј
Вести

Православните верници денеска го прославуваат Светиот великомаченик Димитриј

сабота, 8 ноември, 2025 | 07:53
„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица
Вести

„Комуналец“ започнува голема есенска акција за чистење на улиците во градот Струмица

петок, 7 ноември, 2025 | 14:37
Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Вести

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави

петок, 7 ноември, 2025 | 08:30
Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
Вести

Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

четврток, 6 ноември, 2025 | 13:47
Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржува меѓународен симпозиум по археологија со учесници од седум држави
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist