На финалните натпревари од Државното првенство во одбојка за средни училишта во машка конкуренција, што се одржаа вчера во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, предводена од професорот Гоце Кончалиев го освои првото место и стана средношколски шампион.
Во финалето се натпреваруваа победничките екипи на регионалните натпревари од трите региони во Македонија, а до освојување на првото место младите одбојкари од струмичката гимназија дојдоа со победите над екипите од училиштата „Јосип Броз Тито“ од Битола и „Јосип Броз Тито“ од Скопје.