По големиот успех што го постигна во април годинава, средношколската комедија „Моите бебиња“ на учениците од СОУ „Јане Сандански“ Струмица повторно ќе биде изведена пред струмичката публика.
Претставата, која на Образовното рандеву МАССУМ во Кавадарци освои втора награда од стручното жири во конкуренција од 16 средношколски театри, ќе има своја реприза на 7 ноември 2025 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Овојпат настапот ќе има и хуманитарен карактер – средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за поддршка на лекувањето на Нина Димитриевска.
Билетите по цена од 100 денари може да се набават:
- на касата во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица,
- во „Bu Coffee to Go“,
- и во СОУ „Јане Сандански“.
Организаторите ги повикуваат граѓаните навреме да си обезбедат билет и преку уметноста да дадат свој придонес во овој хуманитарен настан.





























