недела, 1 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Спортски новинари од Југоисточна Европа дебатираа и се дружеа во Струмица на Симпозиумот – „Спортот за државата, државата за спортот“

сабота, 5 ноември, 2022 | 10:37
in Вести

„Спортот за државата, државата за спортот“, така беше насловен дводневниот Симпозиум на спортските новинари од Југоисточна Европа, кој во изминатите два дена се одржа во Струмица, а под генерално покровителство на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“.
Симпозиумот го отвори градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги поздрави учесниците панелисти и спортските новинари од земјата и странство и им посака успешен Симпозиум, истакнувајќи дека Струмица отсекогаш била и останува спортски град кој поддржува настани кои се во функција на развојот на спортот. На панел дискусиите свои обраќања имаа новинари и спортски функционери од земјава и странство, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски, кои говореа на пет теми: „Мир“, „Спорт“, „Здравје“, „Младост“ и „Радост“.
За мирот говореа поранешниот премиер Зоран Заев и долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски кои заедно со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас од Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија добија Плакети за посебен придонес во афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателство. Плакета доби и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов за посебен придонес во развојот и афирмирањето на спортот во Македонија.
Во рамките на панел дискусиите на Симпозиумот, Зоран Заев кажа дека за него постои само една и единствена награда за мир – а тоа е самиот мир. Тој истакна дека воените арсенали треба да се заменат со ползување на „оружјето” на совеста, добрата мисла и добриот збор, со „оружјето” на подадената рака, со „оружјето” на компромиси, пријателство, заедништво, соработка и отворање нови хоризонти кон иднината.
За Тупурковски, секоја војна нанесува огромни штети на спортот, во прашање се доведени и одржувањето на големи спортски настани.
На Симпозиумот учествуваа спортски новинари од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Кипар, како и потпретседателот на Светската Асоција на AIPS, Јанис Дарас, генералниот секретар на AIPS, Јуре Озмец и членови на Бордот на Европската асоцијација на спортски новинари.

По завршувањето на Симпозиумот спортските новинари од девет земји од Европа се дружеа во свечената сала на хотелот „Сириус“, а за пријатната забава со музиката се погрижија естрадните уметници Перо Христов, Благица Калева, Ленче и Горан Кукиќ. На забавата, на еден од главните организатори, спортскиот новинар Бошко Трпески му направија пријатно изненадување со торта за јубилејот 60 години новинарство, кое кај него побуди солзи радосници и емоции.
ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница

Next Post

Младите социјалдемократи организираа Хуманитарен турнир во Струмица – „Млади и солидарни”

Related Posts

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада
Вести

Филипче од Струмица: Младите луѓе во нашата земја, не заслужуваат ваква Влада

сабота, 31 мај, 2025 | 21:22
Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург
Вести

Одбојкарките на македонската репрезентација во Струмица славеа убедлива победа против репрезентацијата на Луксембург

сабота, 31 мај, 2025 | 12:10
Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево
Вести

Млади гитаристи од Струмица се дел од 16-от Фестивал за гитара во Крушево

сабота, 31 мај, 2025 | 11:32
На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева
Вести

На денешен ден пред 11 години почина првенката на струмичкиот театар Зора Ѓоргиева

сабота, 31 мај, 2025 | 09:41
ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов ја распадна општина Струмица

петок, 30 мај, 2025 | 17:53
Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија
Вести

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачите во Македонија

петок, 30 мај, 2025 | 14:47

ТОП ВЕСТИ

Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица
Првата награда на Фолк Фест „Валандово 2025“ за Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев и песната „Љубовта да расцути“

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура
Во среда во Струмица ќе биде прикажан филмот „Невидливиот гостин“
Во среда од 20:00 часот на струмичкиот плоштад – Хуманитарен концерт
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist