Со убедлива победа од 3:0 во сетови, актуелниот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ го надигра на ГОК „Борец“ и со 1-0 во серијата до три победи ја почна битката за одбрана на шампионската круна.
Со резултати од 25:19, 25:19, 25:21 по сетови струмичките одбојкари покажаа квалитетна игра и одличен одбојкарски перформанс пред бројната домашна публика во Спортската сала „Парк“ во Струмица.
Следниот натпревар струмичани ќе го играт на гостински терен во Велес, во недела од 18:30 часот.