понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Со концерт на трио „3-ОС“ од Хрватска отворен „Strumica Classic International Festival 2024“

недела, 2 јуни, 2024 | 09:23
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Со концерт на трио „3-ОС“ од Хрватска отворен „Strumica Classic International Festival 2024“

Струмица – центарот на културата во источниот дел на Македонија и еден од најголемите центри во земјата, од синоќа е во знакот на класичната музика преку фестивалот „Strumica Classic International Festival 2024“, прв фестивал на класичната музика, кој по трет пат се одржува и веќе станува традиционален.

Се одржува од 1 до 9 јуни на три локации во Струмица, во Центарот за култура „Антон Панов“, во Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и во Градската Уметничка галерија. Во овој седмичен музички интервал од нашето секојдневие ќе имаме можност да проследиме пет концерти со различни музички особености, а со учество на исполнители од четири земји, Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска.

Фестивалот синоќа го отвори заменичката на градоначалникот, Елена Магеровска Паликарова.

„Струмица дала голем број познати имиња од различни музички области, а без сомнение еден од најврвните меѓу нив е и познатиот и признат обоист од светски калибар – Васил Атанасов, „главниот виновник“ за раѓањето на „Струмица Класика Меѓународен Фестивал“ кој годинава го доживува своето трето издание. Со овој фестивал, Струмица, во својата меѓународна културна понуда го има заокружено списокот на меѓународни фестивали од сите можни уметности. Слободно може да се каже дека ретки се македонските градови кои можат да се пофалат со таков културен живот и таква богата интернационална уметничка програма, каква што е струмичката“ – кажа Магеровска Паликарова.

Главениот иницијатор и реализатор на овој фестивал, еден од најпознатите светски обоисти и долгогодишен член на Македонската филхармонија, на Скопскиот дувачки квинтет и на Камерниот оркестар Скопски солисти, струмичанецот м-р Васил Атанасов, кој заедно со неколку професионални музичари од Филхармонија, Опера и колеги од Музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица го осмислија концептот на фестивалот, кажа дека Струмица е град со традиција и историско културно наследство од сите сфери, град што ги сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани, а со овој фестивал се збогатува културното живеење на Струмица и регионот, со што станува културен уметнички центар на Балканот.

На првиот ден од фестивалот свој едночасовен концерт одржа триото „3-ОС“ од Хрватска, составено од Кирил Наумов, Жељко Штрбац и Мирослав Мајиќ, професионални дипломирани музичари, кои долги години активно соработуваат со културните институции во Хрватска како оркестарски уметници, како педагози во музичките училишта и како високи уметнички соработници на камерна музика на Академијата за уметност и култура во Осиек. Настапувале во Хрватска и во странство со истакнати хрватски и странски оркестри, ансамбли и камерни состави на голем број концерти.

Следниот концерт е во понеделник, 3 јуни во Црквата „Свети Петнаесет“ од 20:00 часот, а ќе настапат членовите на градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија со диригентот Илија Атанасов.

„Strumica Classic International Festival 2024“ е финансиски поддржан од градоначалникот и Советот на општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Вечерва ќе биде отворен 3-от „Classic International Festival Strumica 2024“

Next Post

Во среда – Книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ на академик проф. Катица Ќулафкова

Related Posts

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
Денеска се слави Свети Климент Охридски
Вести

Денеска се слави Свети Климент Охридски

понеделник, 8 декември, 2025 | 07:26
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Тешко повредена жена откако автомобил удрил во неа на „Плачковица“ во Струмица

недела, 7 декември, 2025 | 16:22
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist